Фудбал
Постигнат компромис: Бразилците ќе играат во Премиерлига!
ФИФА соопшти дека фудбалерите од Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај ќе може да играат за своите тимови во Премиерлигата, иако претходната одлука беше тие да бидат суспендирани до 14 септември.
Сега одлуката е променета па така клубовите кои имаа проблеми, Манчестер Сити, Ливерпул, Лидс, Манчестер Јунајтед, Вулфс и Вотфорд ќе можат да сметаат на фудбалерите кои играа во Јужна Америка.
Сепак, ФИФА реши да седне на маса со ФА и со фудбалските федерации на Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај со цел да се најде компромис бидејќи ситуацијата ќе се повтори и следниот месец, кога одново ќе има квалификации за мундијалот.
Па во знак на добра волја, Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај го повлекоа барањето за суспензија, а властите од Британија дале позитивни сигнали дека се подготвени за компромис и иземање на фудбалерите од строгите правила за карантин.
Па овој викенд Бразилците и останатите фудбалери од Јужна Америка ќе можат да настапат во Премиерлигата и останатите првенства во Англија.