Connect with us

Фудбал

Потег кој треба да го следат сите, половина милијарда евра за помош на шпанските клубови

Шпанската фудбалска федерација, официјално објави дека е подготвена да потроши 500 милиони евра во вид на помош за фудбалските клубови кои се финансиски погодени од пандемијата со коронавирусот.

Постои опасност одредени клубови да доживеат банкрот поради кризата со Ковид-19, поради тоа Федерацијата одлучи да преземе конкретни мерки. Најголемата сума од парите ќе оди за клубовите кои не се во можност да заработат пари од телевизиските права, бидејќи мечевите веќе одредено време не се играат. Рок на отплатата на долгот ќе биде пет години.

Помош се подготвува и за машките и женските аматерски клубови, а за нив се планирани 4 милиони евра.