Connect with us

Фудбал

Потпис, па клаузула од 750 милиони евра, Реал Мадрид го наградува талентот

Како што пренесува шпанска „Марка“, Реал Мадрид има намера да го награди талентираниот играч за врска Федерико Валверде за одличните партии од почетокот на сезоната. Уругваецот стана вистинско откритие на Зидан, кој се повеќе има доверба во него.

На последните неколку меча практично стана незаменлив во првиот состав.

Поради тоа, како што пишува „Марка“, Валверде добил нов договор кој ќе трае до 2025 година, во кој ќе има клаузула од неверојатни 750 милиони евра.

Валверде има 21 година.