Connect with us

Фудбал

Потврдено: Осимен стартува во реваншот со Милан

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, објави дека најдобриот стрелец на тимот оваа сезона, Виктор Осимен, ќе го започне реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Милан.

„Осимен ќе биде во стартниот состав. Има физичка способност, има голема брзина. Може да ја користи играта во воздух, може да го промени темпото на играта. Тој е херој за навивачите и околу него секогаш има бран на ентузијазам“, изјави Спалети.

Тренерот ја прокоментира и важноста на навивачите: „Тие се од фундаментално значење, тоа сум го кажал многу пати. Имавме гостувања каде беше тешко да се слушнат домашните навивачи. Ова му дава сила на нашиот тим. Ако играчите ја почувствуваат поддршката, можат да играат подобро“.

Потсетуваме, Наполи загуби на првиот натпревар од Милан на Сан Сиро со 0:1. Реваншот меѓу двете италијански селекции е следниот вторник на 18 април од 21:00 часот.