Connect with us

Фудбал

Повеќе од половина клубови во Премиер Лигата се под истрага за затајување на данок

Англиските медиуми пренесуваат дека повеќе од половина клубови се под истрага за затајување на данок.

Иако се уште не се откриваат имињата на клубовите, сомненијата се дека голем дел од премиер лигашите кријат дел од парите при големите договори со цел да избегнат плаќање на поголем данок.

Според зборовите на еден од истражувачите на случајот, станува збор за најголемиот скандал со избегнување на данок во Велика Британија, а разрешницата се очекува во следните неколку месеци.