Connect with us

Фудбал

Повеќе поранешни играчи заинтересирани за водство на Евертон, Микел Артета најново име на листата

Според ESPN , поранешниот играч на Евертон, Микел Артета, е меѓу кандидатите за да превземе како менаџер на Гудисон Парк. “Изворите блиски до клубот” му рекле на ESPN дека Шпанецот е на листата на Евертон, откако го отпуштија Роналд Куман оваа недела.

Артета во моментов работи како помошник тренер во Манчестер Сити, работи за лидерите на лигата под водство на Пеп Гвардиола. Тој направи трансфер во Сити во јули 2016 година, со својата прва тренерска работа по неговото пензионирање во 2015-16.