Connect with us

Фудбал

Повредата на Погба му ги отвори очите на Мурињо, според Португалецот, играчот на Валенсија е совршено решение

Манчестер Јунајтед, наводно, започнал разговори за да го потпише играчот од средниот ред на Валенсија Карлос Солер за 30 милиони фунти.

Играчот на шпанската фудбалска репрезентација до 21 година има откупна клаузула од 75 милиони фунти, каде што Валенсија најверојатно нема да се држи до таа цена за играчот поради финансиски проблем во клубот. Солер игра клучна улога во импресивниот старт на сезоната и беше клучен во победата од 4:0 над Севиља за да го задржат второто место во Ла Лига.

Жозе Мурињо ќе биде сака да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред, дури и пред трансфер преоден рок следното лето за 30 милиони фунти, објави “Дејли мејл”, бидејќи сака да обезбеди подолг список на играчи во средниот ред, откако виде дека ќе има проблеми со повредата на Погба.