Connect with us

Тајмаут

Повредите го спречија да направи голема кариера, но среќата му тропна на вратата

Тери Кенеди важеше за еден од најталентираните фудбалери во Англија.

На само 17 години, тој го направи своето деби за Шефилд Јунајтед заедно со Хари Мегвиер, кој подоцна ќе стане еден од најскапите дефанзивци на денешницата.

За разлика од неговиот колега, кариерата на Кенеди тргна по најлошиот можен пат. Тој се здоби со тешка повреда по која се обиде да се врати, но во 2018 година на 25 години реши да стави крај на кариерата поради тешки повреди.

По завршувањето на кариерата се посвети на работата како и остатокот од населението, живеејќи мирно темпо на живот до средината на овој месец.

Имено, Кенеди на лотарија освоил милион фунти и сега животот целосно му се променил.

Некогашната надеж на Шефилд и англискиот фудбал објави видео кога дозна дека го добил џекпотот на лотарија, а неговата реакција набрзо стана хит на интернет.

Реклама

Facebook

Реклама