Connect with us

Тајмаут

Повторно Ванда Нара и повторно „шок“ во емисија

Ванда Нара го обнови договорот со емисијата „Тики-така“. Многумина сметаат дека шоуто е гледано токму поради неа и нејзините изјави, но и поради Антонио Касано, кој често пати со она што ќе го каже знае да ја шокира јавноста во Италија.

Но, Ванда живее помеѓу Милано и Париз, каде Мауро Икарди настапува. Многу ја сака Италија, а нејзината цел е како и секогаш да остане во центарот на вниманието.

Сега, многу повеќе зборува за ПСЖ, отколку за Интер. Наводно тоа бил и условот пред Икарди да се пресели во Париз, а барем еднаш неделно таа зборува за статусот на фудбалерот во Интер, но и сега во францускиот тим.

Сега се очекува нејзино ново гостување во „Тики-така“, Икарди е се уште во сопственост на Интер, но се зборува дека ПСЖ ќе го откупи договорот и на фудбалерот ќе му даде уште поголема плата. Што ќе каже Ванда Нара за тоа, останува да се види.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) on