Connect with us

Кошарка

Пожари во Калифорнија, Леброн Џејмс и семејството евакуирани

Еден од најдобрите НБА кошаркари Леброн Џејмс и неговото семејство мораа да го напуштат својот дом во Лос Анџелес по победата во синоќешниот меч. Леброн „твитна“ дека пожарот, кој неколку дена беснее во државата Калифорнија, е блиску до неговиот дом. Дури 180.000 луѓе се евакуирани.

-Еве, возам со сопругата и децата, барајќи место да преспијам, без успех, напиша Леброн.

Веќе неколку дена беснеат пожари во Калифорнија, поради што е прогласена вонредна состојба.