Поврзи се со нас

SPORTM.mk

Позитивниот Вида го прегрна Модриќ

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) по натпреварот против Турција потврди дека Домагој Вида е позитивен на коронавирус.

Дефанзивецот на Хрватска го одигра првото полувреме на натпреварот во Истанбул. Потоа се појави веста дека е позитивен на тестот и веднаш следеше реакција, а Вида отиде во изолација.

Во претходниот период, Вида беше во близок контакт со други фудбалери и членови на стручниот штаб. Сепак, нивните тестови се негативни и можат да патуваат во Шведска на натпревар од Лигата на нации.

 

View this post on Instagram

 

Abiii #cometobesiktas 🦅😁😅🤣

A post shared by Domagoj Vida (@domagojvida) on

Тој беше еден од шестемина фудбалери кои пристигнаа на мечот против Турција со селекторот Златко Далиќ, а покрај него во авионот беа и Ковачиќ, Брозовиќ, Бадеj и Оршиќ.

Исто така, за време на тренингот, Вида го прегрна Лука Модриќ и тоа може да биде нов проблем.

loading...

Facebook