Connect with us

Фудбал

Познат идентитетот на асот на Евертон кој беше уапсен за педофилија?

Утрово се појавија информации дека неименуван фудбалер од Премиер Лигата е уапсен, откако бил обвинет за сексуален престап кон малолетници, а веќе почнаа да кружат шпекулации за идентитетот на играчот.

Членот на Евертон во петокот беше уапсен во неговиот дом, а откако заврши распитот во полициска станица, ја платил кауцијата и сега е на слобода. Полицијата соопшти само дека уапсената личност е 31-годишен фудбалер кој игра за првиот тим на клубот од Премиерлигата и дека тој редовно игра во дресот на својата репрезентација и досега заработил милиони во својата кариера.

Сепак, социјалните мрежи наводно ја решија мистеријата. Илјадници коментари и објави наведуваат дека станува за репрезентативецот на Исланд и везен играч на Евертон – Гилфи Сигурдсон.

Информацијата не е се уште официјално потврдена, но како дополнителен аргумент, покрај совпаѓањето на возраста на играчот е и тоа што неговата сопруга го избришала нејзиниот Инстаграм.