Ракомет
Познат последниот полуфиналист, Франција со неверојатен пресврт ја совлада Данска
Селекцијата на Франција е последниот полуфиналист на ЕП во ракомет. „Триколорите“ со неверојатен пресврт славеа над Данска со 30:29 . Французите при негатива од 27:22 во финишот направија целосен победнички пресврт од 8:2. Кај Франција по осум голови имаа Дескат и Мем, а во данскиот состав доминираше Киркелоке со 10 погодоци. Овој резултат секако е разочарувачки за Исланд, кој навиваше за победа на Данска која ќе им донесеше полуфинале.
За в петок се закажани полуфиналните мечеви на ЕП кое се игра во Унгарија и Словачка. Првото полуфинале е од 18.00 часот во кое Франција ќе игра со Шведска, а Шпанија -Данска играат од 20.30 часот.