Connect with us

Ракомет

Познат распоредот на македонските ракометари на Светското првенство

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација ќе биде дел од ново Светско ракометно првенство, кое денеска почнува во Египет.

Ракометната репрезентација на Македонија буквално во „пет до дванаесет“ доби повик да учествува на СП во Египет, откако Чешката Ракометна Федерација вечерва објави дека оваа селекција поради голем број на позитивни случаи на новата болест нема да може да настапи на претстојниот мундијал.

Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на болеста и резултатите беа негативни.