Connect with us

Ракомет

Познати идните противници на Македонија и сатницата за натпреварите

Македонската ракометна репрезентација вчера запиша победа против Чиле (32:29) и се пласира во втората фаза од Мундијалот во Египет.

Веќе се познати и останатите противници на Македонија во втората фаза од Мундијалот, а тоа се репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија.

Датумите за одигрување на овие натпревари се 20, 22 и 24 јануари, а денес ИХФ го одиреди и термините.
Тргнуваме в среда против репрезентацијата на Словенија од 15.30 часот, а в петок се игра мечот против Русија од 15.30, во истиот термин се игра и последниот меч против Белорусија.

Фото: РФМ