Connect with us

Ракомет

Познати имињата кои ќе му помагаат на Кире Лазаров во селекторската функција

Кире Лазаров како селектор-играч ќе го има првиот меч против Данска на 11-ти март во салата „Борис Трајковски“. Како што веќе објавивме, тој го објави списокот на ракометари.

Во исто момент откри кој ќе му помага, односно кој ќе биде асистент. Миркуловски се враќа во репрезентацијата како играч и помошник, а тука ќе бидат и Ацо Јоноски, Бранислав Ангеловски и Билјана Црвенковска.