Connect with us

Ракомет

Познати противниците на Македонија во „Президент купот“, каде што ќе играат најслабите селекции на Светското првенство

Македонија со трет убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35:26 се прости од сите надежи да се пласира во следната рунда и да биде во друштво на „одбраните“ селекции. Сега нашата репрезентација ќе разигрува за пониските позиции. Македонија ќе игра во групата 2 каде за противници ќе ги има Алжир, Мароко и Тунис во „Президент купот“ каде што се селекциите кои завршиле на последните места во својата група.

Еве го распоредот на мечевите:

Група 2 Президент куп
Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30)
Мароко – Тунис (19 јануари, 18:00)

Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30)
Македонија – Тунис (21 јануари, 18:00)

Тунис – Алжир (23 јануари, 15:30)
Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)