Connect with us

Фудбал

Познати уште шест четвртфиналисти во фудбалскиот Купот на Македонија

По одигрувањето на денешните шест реванш осминафинални дуели од фудбалскиот Куп на Македонија познати се уште шест екипи кои се пласираа во четвртфиналето. Тоа се: Пелистер (бранителот на трофејот), Скопје, Победа, Шкендија, Ренова и Академија Пандев, додека вчера Тетекс се избори за влез меѓу осумте екипи.

Ланскиот Куп освојувач Пелистер во Велес го совлада Борец со 3:1 и со вкупен резултат од 7:3 беше подобар од ривалот. Шкендија во Тетово одигра нерешено со Работнички – 1:1, а бидејќи и на првиот дуел беше истиот резултат, победникот беше решен по изведување пенали – 3:2 за Шкендија.

Прволигашот Скопје и во реваншот го совлада градскиот ривал Еуромилк со 3:0 или вкупен резултат 6:0. Прилепска Победа со два триумфа ја елиминира штипска Брегалница, денеска беше 5:1, а на првиот дуел 4:2.

Академија Пандев го совлада Силекс со високи 5:0, а на првиот дуел беше 1:0 за тимот од Кратово. Струга Трим – Лум и Ренова одиграа нерешено 2:2 , а во вкупниот резултат е 5:4 за Ренова. Вчера Тетекс – Кожуф 3:2 или вкупен резултат 5:4.

Поради настапите на Вардар во Лига Европа дуелите со Шкупи ќе се играат на 8 ноември и на 29 ноември.