Connect with us

Фудбал

Познато е кој ќе го суди „Ел Класико“, Серхио Рамос нема да биде среќен

Првото „Ел Класико“ за оваа сезона на програмата е на 18 декември во Мадрид. Одреден е и главниот судија, а тоа е Хозе Хернандез Хернандез.

Тој веќе зад себе има три пресметки помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а сите три завршиле со различен исход.

Први беше во сезоната 2015/2016 кога „Кралевите“ славеа со 2.1 на „Камп Ноу“, но навивачите на Реал уште тогаш го „одбележаа“ поради исклучувањето на Серхио Рамос и поништенот гол на Герет Бејл.

И на второто „Ел Класико“ овој судија го исклучи Серхио Рамос, а тога славеше Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:2 во сезоната 2016/2017.

Со 2:2 е завршен неговиот последен меч помеѓу овие две екипи, но ниту тогаш не заврши без котроверзии. Марсело бараше пенал, а Реал се жалеше за прекршок во почетната фаза на акцијата при вториот гол на Барселона.