Connect with us

Ракомет

Пречекот на Абутовиќ ги воодушеви луѓето од ЕХФ: Фановите на Вардар најдобри за минатата недела (ВИДЕО)

Вардар викендов успеа да стигне до уште една победа, четврта по четири меча оваа година во Лигата на шампионите, иако многумина на тимот му предвидуваа далеку послаби резултати од оние во минатите години, но ракометарите од меч во меч ги разубедуваат сите кои не веруваа во нив.

За најдобра публика, за најдобри фанови за минатата недела од страна на ЕХФ како и многу пати порано беа прогласени фановите на Вардар, кои ја пречекаа легендата на својот клуб, Илија Абутовиќ, како што му доликува во Јане Сандански.

Тој во текот на ова лето после долги години минати во Вардар, замина во Рајн Некар, тим со кој скопскиот великан победи викендов. Гостите ја немаа помошта од Абутовиќ, кој поради повреда не настапи на овој натпревар.

Welcome home Ilija

RK Vardar welcomed home Ilija Abutovic with a lovely moment ahead of tonight's #MOTW #VARRNL

Gepostet von EHF Champions League am Samstag, 6. Oktober 2018