Тајмаут
„Пред две години се радувавме на титула, а сега не може да ги запреме солзите!“
Големата трагедија во Лестер сити, откако се урна хеликоптерот на газдата на клубот Вичај Шривадханапраба, ги потресе навивачите кои не можат да поверуваат што се случува во моментов.
Неколку навивачи дадоа изјава за англиските медиуми, а еден од нив се присети на прославата на титулата пред две години.
„Не може со зборови да се опише тоа што му се случува на Лестер во моментов. Јас бев на улиците пред две години кога навивачите ја славеа титулата, а вечерва не можеме да си ги запреме солзите“, кажа еден верен навивач на Лестер.
Извор: Sport1