Connect with us

Фудбал

Прекинат тренингот на Ал Али, рекорден број на навивачи се појавиле на тренингот во Египет

Рекорден број на навивачи на тренинг во Египет.

Иако за египетскиот Ал Али не играат ниту Меси ниту Роналдо сепак овој клуб ужива огромна поддршка од фановите кои сепак ги изненадија сите кога пред реванш мечот од финалето на Лигата на шампиони во Африка против Видада се појавија на тренинг и тоа во огромна бројка од 100 илјади фанови. Египетскиот клуб в сабота ќе го игра реваншот па раководството на Ал Али дозволи на еден од последните тренинзи да може да дојдат навивачите и да ги поздрават своите миленици. Сепак, првите луѓе на клубот, воопшто не беа свесни дека на трибините на стадионот ќе дојдат неверојатни 100.000 навивачи.