Фудбал
Премиер лигата донесе нови правила за сопствениците на клубовите
Клубовите во Премиер лигата се согласија да го ограничат стекнувањето сопственост на поединци кои имаат наметнати санкции. Премиер лигата, од своја страна, ги прифати промените предложени од тимските шефови кои беа под влијание на случајот Роман Абрамович на почетокот на 2022 година.
Дополнителните мерки, кои би влијаеле на случаите како оној на поранешниот сопственик на Челзи, беа едногласно одобрени од 20-те сопственици на клубови од Премиер лигата на генералното собрание на акционерите на англиските клубови од највисокото ниво.
Меѓу новите правила е и списокот на луѓе на кои не им е дозволено да се здобијат со клубови од Премиер лигата, но саудиската сопственост на Њукасл Јунајтед и евентуалната катарска сопственост на Манчестер Јунајтед нема да бидат засегнати од мерките што се усвоени.
Новите правила вклучуваат проширување на прекршоците за дисквалификување, со зборовите „насилство, корупција, финансиска измама, даночно затајување и криминал од омраза“ додадени во текстовите, објавија медиумите во Англија. На списокот „криминалци во однос на засегнатите човекови права“ се лидери и учесници во терористичките организации Ал Каеда, ИСИС, Талибанците, како и олигарси од Русија и блиски до претседателот Владимир Путин.