Фудбал
Премиерлигашот понуди 50 милиони евра за Ансу Фати
Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати , за кој се верува дека е подготвен да го напушти тимот со „интересна“ понуда, има понуда од клуб од англискиот премиерлигаш.
Неименуваниот тим се обидува да го убеди шпанскиот репрезентативец нудејќи му 50 милиони евра на неговиот клуб, според популарниот новинар Жерар Ромеро. Тој прецизира дека дотичниот клуб не е учесник во Лигата на шампионите . Интерес за Фати покажува и Ал Хилал од Саудиска Арабија , но засега 20-годишниот фудбалер сака да остане во Европа.