Ракомет
Преполна сала, вкупно 74 голови, одличен меч, на крајот Хрватска подобра од Македонија
Хрватската ракометна репрезентација ја совлада Македонија со 40:34 во првиот натпревар од подготвителниот турнир на Купот на Хрватска во Пореч.
Хрватска ја предводеше Иван Мартиновиќ, кој постигна осум гола. Паоло Краљевиќ постигна шест гола, а Игор Карачиќ пет. Ловро Михиќ и Филип Главаш по четири пати ја погодија мрежата. Во нашата селекција најдобри беа Дејан Манасков со девет и Филип Кузмановски со седум гола.
Утре Македонија во 20:15 часот игра против Израел.