Ракомет
Преполниот “Борис Трајковски” сведок на ракометен спектакл, 22 ракометари добија “вечни” дресови
Актуелните македонски ракометни репрезентативци и ветераните вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа ревијалниот натпревар со хуманитарен карактер. Сите приходи од билетите за овој ракометно-музички спектакл „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.
Славеа актуелните репрезентаривци со 25:21.
Пред полните трибини (околу 6.000 гледачи) продефилираа поранешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Наумче Мојсовски, Борко Ристовски и другите великани кои го носеа „црвено-жолтиот“ дрес изминатата деценија.
Дваесет и двајцата поранешни репрезентативци од РФМ добија врамен дрес.

За најкорисен играч, МВП на мечот е прогласен Ванчо Димовски. Инаку средствата од овој меч одат за СОС Детско село.
Настанот беше збогатен со музичките ѕвезди, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Кики Мукаетов, Меморија, Некст Тајм, а шоуто го водеше Сашко Коцев.
Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.