Тајмаут
Пресврт на ситуацијата по раскинувањето: Шакира и Пике имаа таен договор
Колумбиската пејачка Шакира викендов го потврди прекинот на 12-годишната врска со ѕвездата на Барселона Жерар Пике.
Шпанските медиуми денеска носат нови информации за еден од најпознатите парови во светот.
Музичката ѕвезда објави кратко соопштение на 4 јуни 2022 година, со кое ја објави својата разделба со Пике.
Според новинарот Хозе Антонио Авилес, цитиран од Маркa, одлуката за објавување на разделбата во медиумите и припаднала исклучиво на Шакира, а Жерар Пике бил крајно изненаден кога се огласилa.
„Едно лице многу, многу блиско до Пике ме увери дека нивниот случај не е за неверство. Раскинувањето беше големо изненадување, како и изјавата испратена од Шакира“, изјави Хозе Антонио Авилес за цитираниот извор.
„Згора на тоа, истиот новинар тврди дека Шакира и Пике направиле договор според кој имаат „отворена врска“.
„Пред три години, пандемија и глобална криза создадоа нови проблеми и нешто се случи. Тоа беше клучен момент во нивната врска. Тогаш решија да имаат отворена врска. Разбирањето беше како да правиш што сакаш, а јас го правам она што јас сакам , но во јавноста ќе останеме двојка“, изјави Хозе Антонио Авилес.
Изјавите на новинарите се тотално изненадувачки и доведуваат до пресврт на ситуацијата со оглед на тоа што шпанските медиуми објавија дека причина за прекинот било неверство.