Ракомет
Преубедлив пораз и од Холандија, Македонија поразена со 10 разлика
Иако се надевавме на прва победа на СП, сепак на второиот меч македонската репрезентација доживеа убедлив пораз од Холандија со 34:24. За Холанѓаните ова е втор триумф, па тие се во следната рунда.
Како и на мечот со Норвешка, така и вечерва македонските ракометари само на моменти блескаа и се држеа, но потоа следуваа падови во играта, пред се во одбраната, па Холанѓаните правеа серии од по неколку голови.
Последниот меч од оваа фаза го играме во вторник против Аргентина од 18 часот, а евентуална победа на тој меч би не однела во следната фаза. Сепак, според прикажаното ќе биде тешко и на тој меч.
Во нашиот табор Кузмановски и Пешевски имаа по 4 голови, Костовски и Манасков по 3. Кај противникот Кај Смитс имаше 10 голови.