Ракомет
Приведен навивач од Битола кој во Струга нападнал навивач и полициски службеник
Еден навивач од Битола кој бил присутен да го бодри тимот на Еурофарм Пелистер бил приведен откако наводно нападнал првично навивач од спротивниот табор, а потоа и полициски службеник.
„Приведениот прво нападнал поддржувач од Струга, а потоа и полициски службеник кој презел мерки за спречување на нападот“, – велат од СВР Охрид.