Фудбал
Проблеми за Серхио Рамос поради пандемијата со коронавирус
Рамос во Реал Мадрид пристигна по две сезони одиграни во Севиља. „Кралскиот клуб“ за него летото 2005-та плати речиси 30 милиони евра. Со Реал освои се што можеше, а пред неколку години ја доби капитенската лента.
Сигурно дека Рамос сака да ја заврши кариерата во Реал мадрид. Овој 34-годишен дефанзивец има договор до крајот на сезоната, но пандемијата на коронавирусот ги поремети плановите на челниците на Реал Мадрид.
Од финсиска гледна точка ќе има голем „удар“, па Реал Мадрид не брза со новите договори. Прво сака да види какви импликации ќе има сето ова во клубот, па потоа ќе ги направат плановите.
Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Рамос ќе мора да се согласи на големо намалување на платата доколку сака да остане во Мадрид.