Connect with us

Ракомет

Продолжи црната серија, четврти пораз во низа на Вардар во ЛШ

Пик Сегед Стигна до тешко извојувана, но заслужена 34:31 (17:15) победа над Вардар во седмото коло во ЕХФ Лигата на шампионите, така продолжувајќи ја „црната“ серија на поранешниот двократен европски шампион на четири порази во низа во европската елита.

Во последниот меч во нивната сатара „Ујсегеди спортчарнок“ арена, Пик имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, иако „црвено-црните“ секогаш беа блиску за во финишот на натпреварот унгарскиот тим да се одвои и да стигне до победа, нивна четврта оваа сезона. Вардар останува на две победи и на шестото место на табелата со 5 поени, пред аутсајдерите ППД Загреб и Мешков Брест.

Реклама

Facebook

Реклама