Connect with us

Фудбал

Продолжува кризата на Борусија Дортмунд, прими четири гола од Хановер

Баерн Минхен се пресели на врвот на Бундеслигата, откако победи на Алијанц Арена против РБ Лајпциг со 2: 0 .

Претходните лидери во Бундеслигата, Борусија Дортмунд го доживеаја својот втор пораз од сезоната, додека Хановер победи на возбудливиот натпревар од 4-2 на ХДИ-Арената.

Џонатас им донесе водство од пенал во 20 минута и го асистираше Ихлас Бебу за вториот, откако дефанзивецот Дан-Аксел Загаду се избори за израмнување.

Андриј Јармоленко израмни на 2-2 рано во второто полувреме, пред Загаду да биде испратен во соблекувалната поради контакт со Џонастас и Хановер брзо го искористија дополнителниот играч, кога Феликс Клаус постигна прекрасен гол од слободен удар.

Бебу го постигна својот втор гол на натпреварот четири минути пред свирежот, за да ја осигура победата.

Резултатот значи дека Дортмунд сега има освоено само еден бод од последните три натпревари во Бундеслигата.