Connect with us

Фудбал

Продолжува победничката серија на Рен

Фудбалерите на Рен ја продолжија победничката серија во фудбалскиот шампионат на Франција.

Во воведниот натпревар од 11.коло на Лига 1 одигран синоќа на „Роажон парк“ екипа на Рен го победи Бордо со 1:0. Домаќините до овој триумф стигнаа благодарение на авгоголот кој си го постигна Жилиан Тулалан во 11.минута од мечот.

За екипата на Реан ова е четврта победа во низа, трета во Лига 1.

Бордо пак не знае за триумф на последните пет меча на кои има само еден нерешен резултат. Воедно за „жирандинците„ поразот од Реан е трет во низа.

Сепак Бордо кој има собрано 16 бодови и е осми, останува пред Реан кој има еден 15 бода, а сега се проби на 10.место на табелата.

Од денешните натпревари ги издвојуваме дуелите на двете водечки екипи на табелата. Лидерот ПСЖ гостува кај Анже додека Монако пред својата публика ќе игра против Генгамп.