Connect with us

Фудбал

Проект Интер 2020: „Воинот“, Србин и мајсторот од Удине за Скудето?!

Интер и натаму ја држи лидерската позиција во Серие А, имаат ист број бодови со Јувентус, по 42, но подобра гол разлика. Последниот меч пред паузата во Италија, ја совладаа Џенова со 4:0 на домашен терен, иако настапија без Лутаро Мартинез, Брозовиќ, Барела, Сенси одигра само 15-тина минути, Весино…

Според италијанските медиуми Конте има три желби за јануари, со кои би тргнал посерионо во трката со Јувентус за Скудетото.

Најголемите мети се Артуро Видал, познат како „воин“, потоа српскиот интернационалец Немања Матиќ и одличниот играч за врска на Удинезе Родриго Де Паул. Овие се примарни цели за јануари, но тука е и Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски кој игра фантастично во дресот на Парма.

Формулата е јасна, прво ќе се нуди позајмица со право на откуп, барем двајца, а другите да се ангажираат со перманентен трансфер.

Дали директорот Марота ќе успее да ги исполни желбите на Конте, останува да се види во јануари.