Ракомет
Пролет се интересира за Потиќ откако Металург му раскина
Металург одлучуи да го ослободи србинот Никола Потиќ, а на негово место во клубот ќе пристигне младиот репрезентативец Мартин Серафимов. Десниот бек Никола Потиќ со само неколку одиграни натпревар и без значителен учинок ја напушта Автомоманда.
Суперлигашот Пролет, со опција за договор до крајот на сезоната, е најголем фаворит за потписот на Потиќ.
Пролет покажува амбиции во борбата за излез во ракометна Европа, пред крајот на Супер-лигата го доведе Црногорецот Жарко Пејовиќ, а со доаѓањето на Потиќ дополнително се засилува бековската линија, но и одбранбената зона пред голманот Петар Ангелов.