Connect with us

Фудбал

Промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска беше промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од спортскиот новинар Зоран Михајлов, што содржи помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и за средбите со светските спортски асови.

– Објавувањето на „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ ми носи голема радост и ја надополнува мојата 55-годишна кариера како спортски новинар и коментатор. Оваа книга за мене е од големо значење. Не беше лесно од мноштвото материјали, што ги собирав низ годините, да се избере кои ќе бидат дел од мојата прва книга. Верувам дека ќе има и втора, а можеби и трета книга, зашто спортот е непресушен извор за новинарите и коментаторите, нагласи Михајлов.

Промоторот на книгата, Горан Манчевски, е уредник во весникот „Нова Македонија“, ја оквалификува книгата како „спортската литература, но и спортската лектира“.

– Книгата на Михајлов е уникатен спој на аглите на гледање на нештата, бидејќи тој ги знае сите три страни ‒ таа на врвен спортист за кого пишуваа, потоа на новинар со остро перо, како и таа на спортски работник кој ги креираше успесите, истакна Манчевски.

Промоцијата беше збогатена со проекција на краток документарец посветен на долгогодишната кариера на спортскиот коментатор Михајлов.

Махајлов во младоста бил одличен атлетичар, државен рекордер и првак на Македонија и на поранешна СФР Југославија. Истовремено бил и активен кошаркар.

За сите постигнувања во спортот и во новинарството добитник е на повеќе награди и признанија. Меѓу другото, добитник е и на државната награда „8 Септември“ и наградата на Град Скопје, „13 Ноември“.

Михајлов се вбројува меѓу 50-те најистакнати атлетски новинари и коментатори во светот, што ја добиваат наградата од АИПС (Светска асоцијација на спортските новинари) за професионално информирање, како и за афирмација на атлетскиот спорт. 

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com