Фудбал
Просинечки не е повеќе селектор на БиХ
Легендата на југословенскиот фудбал и Црвена Звезда, Роберт Просинечки, кој на постарата генерација од Македонија е добро познат, од попладнево не е повеќе селектор на репрезентацијата на БиХ.
Договорот е спогодбено раскинат, а потоа на седницата на Фудбалскиот сојуз е изгласана недоверба на Просинечки. Тој беше селектор од јануари 2018 година.
БиХ квалификациите за ЕП 2020 ги заврши на четвртото место зад Италија, Финска и Грција, што е разочарување за тамошната јавност.