Фудбал
Просинечки: Прв пат слушам дека ќе ја водам Македонија на ЕП
Српскиот портал „Курир“ вчера лансираше информација дека Роберт Просинечки ќе ја предводи Македонија на ЕП следната година. Од ФФМ брзо стигна демант дека воопшто нема преговори со ниту еден друг кандидат, освен планираните со актуелниот селектор Игор Ангеловски кој има уште една година од договорот.
Демант стигна и од легендарниот Роберт Просинечки. Тој за „спортске новости“ вели дека прв пат слуша дека ќе ја предводел Македонија на ЕП.
-Првпат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од Фудбалската федерација на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема, одговорил Просинечки за Спортске Новости.