Фудбал
Протече нова снимка: Голманот удри неколку тупаници па почна да бега од навивачите
По мечот меѓу Хајдук и Шибеник дојде до конфликт меѓу навивачи и обезбедување.
Фудбалерите на Хајдук по втор пат во една недела го совладаа Шибеник и така ја завршија сезоната пред брилијантно исполнетите трибини на Пољуд, но големото славје го расипа физичкиот судир меѓу стјуард и навивач .
По последниот свиреж на судијата, навивачите истрчаа на теренот за да го прослават освојувањето на Купот, како и збогувањето на Данијел Субашиќ со фудбалската кариера, но еден од обезбедувањето наводно ја расипал прославата.
Според неофицијални информации, тој нешто погрубо се однесувал кон реката навивачи која се спуштала кон теренот. Поради ова изби конфликт, летаа тупаници, а на Твитер се појави ново видео од инцидентот од поинаков агол.
На видеото се гледа како обезбедувачот фрла неколку тупаници, а потоа се обидува да побегне од навивачите. Се гледа како другите обезбедувачи се обидувале да ја смират ситуацијата и да го прекинат конфликтот. и се надеваме дека никој не е тешко повреден.
Fighting among Hajduk Split supporters at Poljud Stadium just after the 3-0 win against Sibenik pic.twitter.com/h82DOM29Pj
— CroatianFootballNews (@CroatianNews) May 28, 2023