Фудбал
Провокација од ФФМ: 200 Чкембари ќе бидат сместени на трибината на Комити!
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за мечот со Полска ќе ја „отвори“ и западната трибина на стадионот, каде што, зачудувачки ќе бидат сместени, битолските Чкембари.
ФФМ за мечот со Полска во продажба пушти билети само за двете главни трибини, северната и јужната, додека на истокот ќе бидат сместени полските навивачи и тоа нешто над 2.000, но сега на нешто помалку од осум часа до мечот, во функција се става и западот, трибината на која секогаш се наоѓале најверните навивачи на Вардар.
Чкембари во Скопје доаѓаат во бројка од околу двесте навивачи и тоа заедно со своите побратими од Полска, ултраси на Белхатов, кои веќе пристигнаа во Битола, па вчера имаа заедничка дружба и таа ќе продолжи и по мечот со Полска, кога двете групи ќе се вратат по мечот Македонија – Полска.
Интересно, билетите за мечот на Македонија – Полска не се продадени според податоците на сервисот „Мк Тикетс“ и сѐ уште има билети и за јужната и за северната трибина за овој дуел, па дури како провокација делува потегот да се сместат Чкембарите на матичната трибина на нивните најголеми и најлути ривали Комити.
Извор: Спорт 1