Connect with us

Фудбал

Прв пораз на Мурињо во Премиер Лигата, нововлезениот прволигаш Хадерсфилд продолжува да изненадува

Екипата на Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз оваа сезона, откако попладнево загуби со 2:1 на гостувањето кај Хадерсфилд.

За само пет минути во периодот од 28-33. минута домаќините два пати го совладаа Давид де Геа, водство што се покажа недостижно за избраниците на Жозе Мурињо кои до крајот успеаја само д аго ублажат поразот преку Маркус Рашфорд (78. Минута).

По денешниот пораз на Јунајтед заостанува зад лидерот на табелата и градски ривал Манчестер Сити пет бода.

Табела во Премиер лигата: Манчестер Сити 25 бода (9 натпревари), Манчестер Јунајтед 20 (9), Тотенхем 17 (8), Челзи 16 (9), Вотфорд 15 (9), Њукасл 14 (9),…