Connect with us

Ракомет

Прв пораз на Раул Гонзалес и ПСЖ и тоа од Барселона

Барселона го совлада ПСЖ со 36:31 во дербито на вечерта во ракометната Лига на шампиони. Ова е прв пораз за францускиот тим на чија клупа седи поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес.

Најефикасен во победничкиот тим беше Абало со седум голови, додкеа Карабатиќ на спротивната страна со шест.

По овој натпревар Барселона е лидер со 8 бодови, но исто толку има и ПСЖ на втората позиција. Следува Фленсбург со 7, Аалборг со 6, Пик Сегед со 5, Елверум, Целје и Загреб се без бодови.