Connect with us

Ракомет

Прв пораз на Вардар во Лигата на шампионите

Екипата на Вардар го претрпе првиот пораз во петтото коло во Лигата на Шампионите откако со 31:27 загуби од тимот на Келце.

Полскиот тим беше за нијанса подобар во уште еден одличен натпревар помеѓу овие два клуба.

Избраниците на Талант Душебаев имаа контрола на резултатот уште од првата минута и не ја испуштија предноста до самиот крај на средбата. Вардарци на неколку пати се доближуваа, но немаа сили за пресврт и победа.

Најефикасен на средбата беше поранешниот вардарец, Лука Циндриќ со осум погодоци, додека кај Вардар најдобар беше Сташ Скубе со шест погодоци.