Connect with us

Други спортови

Прва победа на Остапенко во ВТА шампионатот

Летонската тенисерка Јелена Остапенко ја оствари првата победа во кариерата во „ВТА шампионатот“ – турнир на осумте најдобри во сезоната.

Дебитантката Остапенко која е по ранг седма на турнирот, попладнево ја победи третата носителка Каролина Плишкова (Чешка) со 2-0, по сетови 6:3, 6:1 за нешто повеќе од еден час игра.

Ова беше меч од последното (трето) коло во Белата група.

Плишкова со две победи од претходно си обезбеди место во полуфиналето и за неа овој дуел немаше преголемо значење, додека Остапенко го заврши настапот.

Втората полуфиналистка од групата ќе биде позната по натпреварот меѓу Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Венус Вилијамс (САД), кои имаат по една победа досега.

Турнирот во Сингапур се игра за награден фонд седум милиони долари.