Connect with us

Тајмаут

Првата реакција на Јелена Ѓоковиќ по поразот на Новак е дека таа е со него кога е најтешко

Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон со 3-2 и со тоа го постигна најголемиот успех во кариерата.

Ноле цело време на мечот имаше феноменална поддршка од трибините, а како и секогаш најгласна беше неговата сопруга Јелена.

Таа по дуелот испрати моќна порака до Новак споделувајќи неколку објави на својот Инстаграм профил.

На една од нив пишуваше „Главата горе, легендо! Следно е твое! Се гледаме наскоро во Њујорк“.

Вториот беше многу поемотивен и во него еден од навивачите меѓу другото истакна дека зборовите на Новак на крајот од мечот го расплакале.