Фудбал
Првиот човек на Сампдорија има план: Лотито ќе ме убие за ова…
Повеќе од 15 дена, Серие А е во прекин. Тешко е да се верува дека сезоната ќе заврши, иако има и такви кои се надеваат.
Првиот човек на Сампдорија, секогаш контроверзниот Масимо Фереро, вели дека не гледа начин како сезоната ќе се доигра и дека тука треба да биде прекината, токму со ваквиот излгед на табелата.
-Борба за скудето? Знам дека Лотито ќе ме убие поради ова, но тоа е животот, за мене ова е крај, сезоната е готова, според сегашниот изглед на табелата, вели Фереро.
Тој ја појасни ваквата изјава.
-Ваква, хипотетички можеме да издвоиме еден месец за подготовки, од 4-ти април до 40-ти мај, да одиграме 12 меча, да влеземе во август и што потоа? Што ќе се случи со следната сезона. Дајте да зборуваме за следната сезона, а не за оваа, порача Фереро.
Според моменталниот изглед првите 4 позиции на табелата ги заземаат Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта. Сампдорија на Масимо Фереро е на 16-тото место.