Фудбал
Првите детали за повредата ги соопшти – самиот Роналдо!
Веднаш побара да биде заменет иако лекарите на португалската репрезентација се обидоа да му помогнат.
Целата таа слика ги загрижи португалските фанови, но и навивачите на Јувентус, кој без Роналдо е половина тим.
По мечот Роналдо за португалските медиуми ја коментираше повредата, која во второто полуврее не го спречи да се буни при спорниот момент кога на неговата селекција не ѝ беше досуден чист пенал.
„Повредата не ме загрижува, си го знам моето тело и секој мускул на него. Нормално е некогаш да се случи нешто вакво, сепак распоредот е пеколен. Но, ова е фудбал… има една изрека – „луѓето кои одат кога врне, мора да се наводенат“. Јас сум комплетно смирен зашто знам дека ќе се вратам на терените за најдоцна 15 дена“, изјавил Роналдо.
Извор: sport1.mk