Connect with us

Ракомет

Првите натпревари од Вардар Јуниор лигата се играат викендов во Прилеп, Тетово и Скопје

Членовите на Ракометната академија Вардар ќе настапуваат во машка категорија во генерациите 2002/03, 2004/05, 2006/07 и во женска категорија во генерациите 2004/05 и 2006/07. Нашите најмлади учесници годинава се дечињата родени 2008 година и помали и за нив ќе навиваме на натпреварите во мини ракомет.

Натпреварите во Скопје се играат в недела, 29 октомври, во салата во СЦ Кале и почнуваат во 9 часот, а во 15.10 часот почнуваат натпреварите во мини ракомет.

Распоред на натпревари за Скопје: saatnica.pdf

Во Тетово се игра в сабота, 28 октомври, во СЦ „8 Септември”, а натпреварите почнуваат во 10 часот.

Натпреварите во Прилеп се закажани за в сабота, 28 октомври во салата во ОУ „Добре Јовановски”. Почнуваат во 13 часот.

Распоред на натпревари за Тетово и за Прилеп: saatnica_ta.pdf