Connect with us

Фудбал

ПСЖ, Баерн и Јунајтед во трка за Џан

Три клуба се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан. Најновите информации се дека Џан го привлекол вниманието на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Германецот не се вклопи во плановите на тренерот Маурисио Сари, кој дури го остави надвор од составот за Лигата на шампионите.

Се чини дека клубот ќе бара купувач во јануари и се чини дека веќе има кандидати за неговиот потпис.