Фудбал
ПСЖ има план кого да земе доколку Мбапе замине
Францускиот вицешампион Пари Сен Жермен продолжува да се надева дека ќе ја убеди својата ѕвезда Килијан Мбапе да го обнови договорот со Париз пред да му истече сегашниот на крајот од сезоната. Сепак, Паркот на принцовите веќе е во потрага по негови заменици во случај напаѓачот навистина да замине.
L’Équipe објави дека Парижаните имаат „план Б“ доколку Французинот ја напушти француската престолнина. Изданието пишува дека тогаш ПСЖ ќе се обиде да потпише со Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Потенцијалниот договор би можел да го олесни и одличниот однос меѓу претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Леонардо со норвешкиот агент Мино Раиола.
Сепак, Оланд, за кого се верува дека има откупна клаузула од околу 75 милиони евра, пред себе ќе има голем избор за следниот клуб. За 21-годишниот напаѓач се верува дека се заинтересирани и тимови како Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Во исто време, за Мбапе продолжува да се зборува дека е се поблиску до трансфер во Реал Мадрид како слободен играч на лето. Како што е познато, парижани минатиот летен преоден рок одбија две понуди од „Лос Бланкос“. Доколку се постигне таков исход, на Паркот на принцовите сигурно ќе му биде потребна елегантна замена за Французинот, а таков несомнено би бил и Оланд.
PSG in the Haaland race https://t.co/CN2znoGE1m
— SPORT English (@Sport_EN) February 9, 2022